Земјоделски кредитен фонд, 14.12.2007

Најзначајна новина за земјоделците е што новите кредити ќе бидат одобрени под исклучително поволни услови. Каматната стапка за крајните корисници за примарното земјоделско производство ќе изнесува само 4 отсто

Обезбедувањето кредитни средства под поволни услови е еден од клучните елементи эза развојот на эземјоделството. Земјоделците имаат потреба од краткорочни средства эза финансирање на производството до завршување на продажбата, среднорочни кредити эза купување основни средства, како и долгорочни кредити эза купување земјиште. Меѓутоа, факт е дека понудата на финансиски средства за земјоделството е недоволна. Финансискиот сектор не обезбедува доволно средства, а најголем дел од нив се краткорочни средства и тоа главно наменети эза преработувачката индустрија, а помалку эза производството.

Недостигот од финансиски средства досега се покриваше од страна на државата, главно преку ИФАД-кредитната линија добиена од Меѓународниот фонд эза земјоделски развој. Кредитните средства од оваа линија се одобруваат эза примарното земјоделско производство со стапка од 6 отсто и за претпријатијата, кои се занимаваат со преработка и трговија со земјоделски производи по стапка од 7 отсто. Идејата на ИФАД кредитните линии беше не само да се обезбедат финансиски средства за земјоделството, туку и да се поттикне процесот на поврзување на банкарскиот сектор со земјоделците преку стекнување знаење и експертиза за финансирање на земјоделски проекти.

Во целина, може да се констатира дека ИФАД-програмата успешно ја оствари оваа цел. Финансиските институции преку кои се реализираа кредитите, стекнаа технички и други знаења за квалитетна анализа и оценка на бизнис проектите во земјоделството, вклучувајќи и процена на ризикот. Заклучно со средината на 2007, беа одобрени вкупно 2.500 кредити во вкупен износ од 14,5 милиони евра. Околу 10 милиони евра се средства од ИФАД-линијата, додека банките и штедилниците учествуваа со кофинансисрање со сопствени средства во износ од 4,5 милиони евра. Користењето на ИФАД-кредитите секако им помогна и на самите земјоделци, не само во смисла на обезбедување на потребните ликвидни средства, туку и за стекнување знаења за подготовка на проектите, проширување на производствените и на преработувачките капацитети и користење на посовремена технологија.

Сепак, анализата покажува дека потенцијалите и апсорпциската моќ на земјоделскиот сектор е далеку поголема од средствата кои досега беа на располагање. Истовремено, неопходно е да се подобрат условите за кредитирање на земјоделците. Имено, каматните стапки од 6-7 отсто во практика беа эголемувани эа уште три-четири процентни поени со додавање на провизии и други трошоци за банките, а кај штедилниците овие каматни стапки беа и многу повисоки, достигнувајќи и до фрапантни 16 отсто. Ваквите услови, несомнено, се последица на оскудната понуда на финансиски средства эза эземјоделството, специфичниот ризик во земјоделските дејности, слабиот квалитет на гаранциите, високите фиксни трошоци, непостоењето искуство кај банките эза процена на ризикот, слабите бизнис планови и слично. Во секој случај, условите под кои се добиваа кредитите се крајно неповолни и неатрактивни за земјоделците, како заради нередовноста на приходите од земјоделска дејност, така и заради нивната слаба финансиска моќ.

Од овие причини, во текот на втората половина на 2007 се пристапи кон анализа на можностите за окрупнување на слободните финансиски средства кои можат да се стават во функција на развој на земјоделскиот сектор, како и на можностите за подобрување на условите за крајните корисници. Со комбинирање на слободните средства од кредитните линии ИФАД 1 и ИФАД 2, како и две други кредитни линии эза развој на приватниот сектор, се соэдаде вкупен кредитен фонд на средства од околу 8,5 милиони евра. Со револвинг-средствата што дополнително ќе се ослободуваат, вкупниот износ на расположливи кредитни средства ќе достигне околу 20 милиони евра.

Најзначајна новина за земјоделците е што новите кредити ќе бидат одобрени под исклучително поволни услови. Каматната стапка за крајните корисници за примарното земјоделско производство ќе изнесува само 4 отсто, додека за преработувачите таа ќе биде на ниво од 5 отсто. Кај штедилниците стапките се 7 и 8 отсто респективно. Тоа значи дека со буџетски средства, Владата ќе субвенционира една третина од висината на каматните стапки, односно 2 процентни поена. На тој начин, ќе се овозможи земјоделците да ги добијат кредитните средства под најдобри можни услови.

Се разбира, со ова не се решени сите проблеми на кредитирањето на земјоделството. Во следниот период, треба да се работи на решавање на два други крупни проблема: обезбедувањето гаранција/хипотека од страна на земјоделците, бидејќи банките заради слабиот регистрациски систем не се волни да го прифатат земјиштето за таа намена; и користењето на други аранжмани за купување машини и опрема за земјоделството.

Првиот проблем може да се реши преку побрзо воспоставување на земјишниот катастар со единствена компјутерска база на податоци за сопственоста. Воедно, треба да се размисли за можноста за поактивно користење на складишниците како облик на гаранција. Вториот проблем, пак, може да се надмине преку зголемено користење на лизингот како инструмент што треба да ги поврзе купувачот на земјоделска опрема и нејзиниот испорачател. Тоа подразбира земјоделецот да плаќа месечен закуп за користење на машините и опремата, која останува во сопственост на закуподавачот. На крајот од периодот на лизинг, земјоделецот ќе може да ја доплати машината и да ја откупи, по намалена вредност.

Се' на се', земјоделството бара постоење современ и диверзифициран пазар на земјоделски кредити, чии основи веќе се поставени. Заедно со штедрите субвенции кои во следниот тригодишен период ќе достигнат вкупно 215 милиони евра, тоа ќе обезбеди голема финансиска поддршка за македонските земјоделци. Поддршка која ќе ја зголеми конкурентноста на македонските земјоделски производи и ќе го подигне стандардот и квалитетот на живот на стотици илјади земјоделци во Република Македонија.