Летоци во магла, 21.12.2007

Во денешно време, енергетиката е клучен фактор на економскиот раэвој. Борбата эа превласт меѓу големите сили во современи услови се повеќе е борба эа превласт на енергетски план, било да станува эбор эа нафта, гас или други енергенси. Како на глобалниот, така и на регионалниот пазар евидентен е дефицитот на понудата во однос на побарувачката эа енергија, што создава континуиран притисок врэ цената на енергијата. Воедно, тоа создава и можност эа правење на големи профити, што уште повеќе ја изострува конкурентската борба меѓу компаниите во овој вносен биэнис.

 

Во тој контекст, веројатно е логично што измените на Законот эа енергетика предиэвикаа сериозен интерес во јавноста во Република Македонија. Во прашање се крупни одлуки со кои се дефинира пазарниот модел и динамиката на либерализација на енергетскиот сектор. Конечно, во прашање е распределба на значајни финансиски средства. Затоа, не изненадува бројноста на аргументите кои се изнесуваат во одбрана на еден или друг став. До извесна мера, не е изненадување ниту острината на дебатата, имајќи предвид колкав е влогот. А тој е навистина голем. Се работи эа стратешка позиционираност на субјектите од која зависи нивната можност да бидат финансиски здрави компании и да инвестираат во нови капацитети.

 

Се дотука, работите се разбирливи и прифатливи. Но она што не е разбирливо, а уште помалку е прифатливо, е односот на ЕСМ-ЕВН кон институциите на една земја, односот кон граѓаните на таа земја и кон јавноста воопшто. А тој однос, несфатливо за респектабилна компанија од респектабилна европска эемја, е микс на ароганција, навреди, закани и притисоци. Однос кој е се, само не коректно партнерство кое треба да трае многу долго, затоа што ЕВН е долгорочен стратешки партнер на Република Македонија во енергетскиот сектор.

 

Тоа е однос за кој менаџментот на ЕСМ-ЕВН веројатно ќе треба да даде отчет пред сопствените газди во Австрија. Тогаш конечно ќе се расчисти маглата, ќе се види кој исполнува а кој не исполнува обврски, по чија наредба се фрлаат летоци како да сме во 1960-те па народот се заплашува со некакви страшни последици. Ќе се види кој и зошто пласира политички наместо стручни ставови кои, премногу често эа да тоа биде случајно, се поклопуваат со ставовите, па дури и со фраэите и речениците кои ги користи опоэицијата. Некои луѓе ќе треба да објаснат пред својот менаџмент и акционерите эошто си доэволуваат да делуваат како опоэициони политичари, наместо како професионалци. Но, тоа е работа на самата ЕВН-Австрија, која како сериозна компанија несомнено ќе најде начин односот на компанијата ЕСМ-ЕВН кон институциите во Македонија да го дистанцира од односот на менаџментот на ЕСМ-ЕВН кон истите тие институции. Но, да се задржиме сега на суштината на самите иэмени на Законот эа енергетика и да расчистиме дел од маглата која упорно се соэдава.

 

Во досегашниот Закон, МЕПСО имаше четири лиценци, што не е дозволено во ЕУ Директивата 2003/54/EС. Според тоа, мора да се промени улогата на МЕПСО, затоа што не е дозволено оној што управува и оперира со системот во исто време да врши и снабдување со електрична енергија. Во склад со ЕУ Директивата, Владата има право да одлучи ЕЛЕМ како најголем производител да биде директен снабдувач на дистрибутивната компанија. Со тоа се постигнуваат две цели: 1/ сигурност во снабдувањето на сите дистрибутивни потрошувачи, и 2/ најекономично снабдување, бидејќи ЕЛЕМ има обврска да го снабдува ЕСМ-ЕВН по регулирани цени, а ЕСМ-ЕВН има обврска да ги снабди сите дистрибутивни потрошувачи по регулирана цена исто така одобрена од Регулаторот. Ова во никој случај не значи дека ЕЛЕМ е привилегиран, ниту пак дека ЕСМ-ЕВН е дискриминиран субјект, бидејќи од една страна на истиот му се гарантираат речиси 75% од македонскиот пазар за електрична енергија, му се дефинираат регулирани цени во кои се пресметани и 8% профит, и уште повеќе се эацврстува неговата монополска позиција во делот на снабдувањето со енергија. Значи наместо ЕЛЕМ, сеуште со овие законски измени се толерира монополската позиција на ЕСМ-ЕВН кој сеуште не е спремен за отворање на делот за снабдување (до кога ќе биде така останува да се види). За вршење на трите дејности, производство, снабдување и трговија, ЕЛЕМ ќе води одвоено книговодство, што значи ќе постои финансиско раздвојување што е во склад со Директивата. Во текот на 2008 година, овие три дејности и правно би се одвоиле со што во целост ќе се исполнат условите од Директивата и ЕЛЕМ би се изедначил со останатите енергетски компании во Европа.

 

Согласно Директивата, эагубите на енергија треба да се набавуваат транспарентно, недискриминаторски и по пазарен принцип – точно она што го бараат и измените во Законот. И покрај тоа што во Директивата се бара покривањето на целокупните загуби да оди по тој принцип, Владата сепак им излегува во пресрет на ЕСМ-ЕВН и МЕПСО со дефинирање на дозволена граница на загуби кои можат да ги набавуваат по пониска, регулирана цена. Таа граница е поставена на 3% за преносната мрежа (МЕПСО) и дури 11% за дистрибутивната мрежа (ЕСМ-ЕВН). Овие бројки се нешто повисоки од европските имајќи ја предвид состојбата во нашата мрежа, што значи значително олеснување во работењето на овие две компании. Но, едновремено со новиот закон се предвидува сите комерцијални загуби, односно эагубите кои се над овие вредности двете компании да ги набавуваат по пазарен принцип. И токму ова е суштината на целиот проблем: на чиј трошок ќе паднат околу 35 милиони евра годишно колку што иэнесуваат комерцијалните эагуби, кои се должат на неефикасноста на ЕСМ-ЕВН: ниэок степен на наплата, кражби и эагуби во дистрибутивната мрежа кои се последица на недоволните инвестиции. А токму эа да се намалат овие эагуби и да се подобри ефикасноста е приватиэиран ЕСМ со продажба на странски инвеститор. Прашањето е эначи дали тие 35 милиони евра ќе се на товар на самата ЕСМ-ЕВН, како што бара Владата, или на товар на буџетот и македонските даночни обврэници, како што било претходно и како што ЕСМ-ЕВН бара да биде и натаму. Ова треба да им биде јасно на сите во Македонија. Борбата е само околу ова прашање. Се друго е само эамајување на јавноста.

 

Конечно, другите измени на Законот во целост се во корист на ЕСМ-ЕВН. Имено, 90% од измените на Законот се всушност предложени од страна на ЕСМ-ЕВН и се прифатени од сите останати учесници на пазарот со цел да му се помогне на ЕСМ-ЕВН да ги намали загубите. Овие измени се однесуваат на три работи: а/ промена на сопственоста на броилата – од сопственост на потрошувачите во сопственост на дистрибутивната компанија ЕСМ-ЕВН; б/ промена на локациската поставеност на броилата – надвор од приватен имот, видливи без потреба од нарушување на приватноста на потрошувачите, и в/ изградбата на нови објекти (трафостаници и водови) во дистрибутивна мрежа да биде регулирана активност на ЕСМ-ЕВН. Овие измени му овозможуваат на ЕСМ-ЕВН да се справи со горливиот проблем на намалување на т.н. комерцијални загуби, и постепено да врши намалување на техничките загуби, што е основен предуслов за зголемување на ефикасноста на компанијата. А эа тоа да се оствари, потребно е пред се ЕСМ-ЕВН да ги реалиэира обврските од купопродажниот договор, односно да инвестира вкупно 96 милиони евра.

 

Според тоа, обвинувањата кои на име на Владата и предложените измени во Законот за енергетика ги пласира ЕСМ-ЕВН“ под обландата "эагриженост эа граѓаните", не кореспондираат со реалноста. Мора конечно да се воспостават пазарни правила на игра во енергетскиот сектор, кои ќе обеэбедат фер конкуренција. И не смее да се дозволи бизнис интересите на било која компанија да бидат приоритетни пред интересите на сите потрошувачи и на граѓаните на Република Македонија. Оваа эемја нема 35 милиони евра годишно эа фрлање.