Аргументи за и против, 15.02.2008

Македонските производствени и трговски компании во оваа тешка ситуација эза граѓаните, покажаа висок степен на општествена свест. Реагираа како што многу респектабилни светски компании се однесуваат кон заедницата во која работат, применувајќи го начелото на корпоративна социјална одговорност
Примерот со чашата со вода која е истовремено половина полна и половина празна, е често употребуван за да се илустрира апсурдноста на дијаметрално различни гледања на иста појава. Некогаш различното гледање е поради степенот на оптимизам или песимизам кој преовладува, или различната перцепција на аргументите што е составен дел на демократскиот процес. Но некогаш е и поради чиста малициозност. Не толку одамна порастот на цените на лебот, млекото и на брашното за 10-15 отсто се коментираше како „енормен пораст на цените“. Само неколку дена подоцна, во неделава што изминува, намалувањето на цената на млекото и на брашното за 10 отсто и лебот за 3-5 денари, беше коментирано како „минимално намалување на цените за неколку денари“. Како и да е, добро е што Владата, производителите и трговците најдоа заеднички јазик за ублажување на ценовниот удар кој како и многу други земји ја зафати и Република Македонија, а е чиста последица на светските движења на цените на прехранбените производи и енергенсите. Најзначајниот ефект од постигнатиот договор е, секако, заштедата за потрошувачите, пред се' за социјално најзагрозените слоеви на населението. За нив, основните прехранбени производи сочинуваат голем дел од скромниот буџет што им стои на располагање. За семејствата со три или со повеќе деца што трошат неколку векни леб дневно, воопшто не е мало или неважно намалувањето на цената на лебот и на млекото за 5 денари. Освен тоа, има намалување на низа други производи, со најави за натамошни поевтинувања. Наскоро и малите дуќани ќе може да се приклучат со пониски цени, откако производителите на леб ќе ги намалат сопствените цени врз основа на понудената евтина пченица од стоковните резерви. Одлуката на Владата за привремено укинување на царината за рафинираното масло и интервенцијата со нерафинирано масло од резервите по ниска цена, ќе овозможат да се стабилизира и да се намали и цената на маслото за јадење. За 8.000 најсиромашни семејства издвоени се по 1.000 денари месечно како ургентна социјална помош, што за нив е голема поддршка имајќи предвид со колкави месечни приходи располагаат.
Но, постигнатиот договор има уште една значајна димензија: македонските производствени и трговски компании во оваа тешка ситуација эза граѓаните, покажаа висок степен на општествена свест. Реагираа како што многу респектабилни светски компании се однесуваат кон заедницата во која работат, применувајќи го начелото на корпоративна социјална одговорност. Би било добро во иднина тоа да продолжи не само во ваков облик туку и преку помош за локалното население эза образование на децата, иэградба на детски градинки, паркови, локални патишта и слично, што некои од нив веќе го прават. Сигурно е дека ваквиот одговорен однос ќе биде почитуван од граѓаните, носејќи позитивни ефекти эа оние што го прифатија предизвикот и иницијативата эза намалување на цените на сметка на нивните маржи.  Слични разлики во коментарите предизвика најновата мерка за овозможување странски лица да стекнуваат градежно земјиште, деловни простории и станови. Она што најчесто се коментира е дека тоа ќе доведе до пораст на цените на недвижностите. Тоа секако е можно, но е само една од можните варијанти. Имено, овозможувањето на странски лица да стекнуваат станови, несомнено ќе влијае на зголемувањето на побарувачката. Освен потенцијалните ефекти врз цената на новите станови, тоа ќе има позитивни ефекти за оние што продаваат стари и викенд-станови. Истовремено можноста странците да стекнуваат и градежно земјиште ќе влијае на порастот на понудата на станбен и деловен простор. Со новиот закон за градење и забрзаното средување на состојбите во катастарот, како и со отворањето на секторот на недвижности и градежно эземјиште за странски капитал, се создаваат поволни услови за поинтензивна изградба на станбени објекти. Значи, поголема конкуренција и на страната на понудата и на страната на побарувачката.  Во целина, како ќе се движат цените зависи од многу фактори: дали сегашното ниво на цени на станови е реално, колкав неискористен слободен простор постои за изградба на нови станови, дали повеќе ќе се зголеми понудата или побарувачката, каков ќе биде ефектот од членството во НАТО и отворањето преговори со ЕУ, динамиката на економскиот и демографскиот развој, како ќе се движи расположливиот доход, каква ќе биде финансиската поддршка од банките и лизинг-компаниите итн. Еве на пример, кој би можел да каже дали сегашното ниво на цени на становите е реално или можеби понудата намерно се држеше на ниско ниво со хаосот што го протежираше претходната влада во оваа сфера? Со уште помала прецизност може да се предвидат идните движења на сите овие фактори.
Во секој случај, со овозможувањето странски лица да стекнуваат недвижности и градежно земјиште, се прави уште еден значаен реформски чекор за подобрување на бизнис-климата, привлекување странски инвестиции и интеграција на земјата во ЕУ. Брисел веќе испрати позитивни пораки эза оваа крупна реформска мерка. Тоа е и очекувано ако се знае дека слободното движење на капиталот е едно од четирите начела на кои се заснова заедничкиот пазар на ЕУ. Колкаво е значењето на инвестициите во недвижности се гледа од примерот на земјите од регионот и ЕУ. Заклучно со 2005 година, инвестициите во недвижности изнесуваат 9 отсто од вкупните странски инвестиции во Бугарија. Во Романија овој процент е 6, во балтичките земји - 15 и во земјите од централна и источна Европа - 11. Како што и најавивме за 2008 година, реформските политики спроведени во изминативе 18 месеци веќе резултираат во поголеми странски инвестиции, вклучително и во недвижности. Во првите 40 дена од 2008 година приливот на странски инвестиции достигна 60-ина милиони евра. Од тоа, 40 милиони евра се инвестиции во недвижности: 20 милиони евра на израелската фирма во купување на „Алумина“, каде што ќе се гради деловно-станбен комплекс, 20 милиони евра наменети за изградба на хотелски комплекс во близина на Гевгелија, 10 милиони евра за лиценцата за 3Г на „Космофон“ и 7 милиони за купување на „Макошпед“ од бугарско-романската осигурителна компанија. Останува јавноста да процени на чија страна се аргументите.

П.С. Почитуван верен читателу „Центар за комуникации со јавноста на СДСМ“, благодарам за вниманието. Убаво е чувството човек да биде читан. Всушност, многу пријатно изненадува тоа што сте почнале да читате. Порано само пишувавте. Тоа е евидентен прогрес. Уште поохрабрувачки ќе биде ако научите да слушате, освен што сте научени да зборувате. Да умееш да слушаш е голема доблест.
Зоран Ставрески