Крстопат и патокази, 18.04.2008

Деновиве слушавме тези од разни душегрижници за македонството дека оваа влада во процесот на избори нема да има легитимитет да носи одлуки за преговорите за името и за евентуалниот договор. Да се разбереме, сите одлуки за името, идентитетот и целата стратегија во преговорите, не се и не смеат да бидат одлука само на Владата, туку резултат на широк консензус на целото македонско ткиво.

Нашиот народ рекол: Секое зло за добро. Па така, и злото што не' стигна во Букурешт ни донесе и некакво добро. Најдоброто што го добивме оттаму е единството во борбата да го сочуваме не само нашето име туку и нашиот идентитет и нашите корени. По самитот во Букурешт, добивме и можност на најдобар начин да ја раскажеме нашата приказна и нашата вистина да одекне насекаде во светот. Но, во целата сериозност на оваа ситуација ако се свртиме и ако погледнеме кон себе, ќе видиме дека и блиската, и далечната и древната историја покажале: секогаш кога сме биле доведени до работ на истребување, нашиот дух станувал посилен и секогаш сме опстојувале наспроти очајот, безнадежноста и сите зла што ни ги носеле историските неправди.Новонастанатата ситуација може да се разгледа од две различни страни: грчка и наша. Гледано од грчка страна ситуацијата е следната: „Денес, повеќе од кога и да е „скопјаните“ стојат на крстопат. Едниот пат ги води кон очај и апсолутна безнадежност. Другиот пат ги води кон целосно истребување. Да се надеваме дека ќе имаат мудрост да го направат вистинскиот избор“. Да не беа во прашање Грците и самитот на НАТО во Букурешт, ќе помислев дека пред себе гледам некоја урнебесна сатира со парадоксален лајтмотив режирана и одглумена од Вуди Ален. Гледано од наша страна ситуацијата е следната: загрозен е нашиот идентитет. Затоа, нашиот вистински одговор на оваа старо-нова ситуација е: силна внатрешна кохезија во сите сегменти на нашето општество. Кон надвор треба да упатиме порака дека энаеме што сакаме и дека сме демократско општество со цврсти и трајни вредности што не можат да бидат изместени ниту од парадоксални ситуации ниту од незрели политички мотиви. На надворешен план треба да водиме конструктивна, разумна и реална политика за остварување на нашите стратешки цели. Внатре во државата треба бескомпромисно и решително да продолжиме со реформите. Најмногу заради нас самите и заради нашиот подобар живот. Затоа, Владата во иднина ќе треба да донесува многу эначајни одлуки и тоа од сите сфери на нејзиното дејствување. Оваа динамика секако треба да биде поддржана од ефикасен парламент. Досега, во некои моменти немаше целосна синергија помеѓу законодавната и извршната власт. Впрочем, тоа и се докажа во ситуации во кои беспредметно беа поставувани илјадници амандмани, кога парламентот понекогаш се блокираше дури и од каприциозни мотиви. Нов состав на Собранието со нови сили во него, секако ќе направат плодна средина за реализација на креативните идеи и реформските процеси. Изборите се највисок демократски чин во едно општество и пораката што ќе ја испратиме кон јавноста ќе биде позитивна во таа конотација. Граѓаните ќе го кажат својот збор и по еден таков чин опцијата што ќе дојде на власт ќе има уште поголем легитимитет да решава за сите суштински прашања. Деновиве слушавме тези од разни душегрижници за македонството дека оваа влада во процесот на избори нема да има легитимитет да носи одлуки за преговорите за името и евентуалниот договор. Да се разбереме, сите одлуки за името, идентитетот и целата стратегија во преговорите, не се и не смеат да бидат одлука само на Владата. Тоа е резултат на широк консензус на целото македонско ткиво.

Изборната кампања треба да се одвива во достоинствена, фер атмосфера со целосна одговорност кон чувствителноста на состојбата во која се наоѓаме. Би било најдобро сите политички конкуренти да се воэдржат од користење на темата эа името во иэборната кампања, а да си конкурираат со иэборните програми за економијата, земјоделството, образованието, социјалата, здравството, културата и други теми. Граѓаните ќе ги препознаат напорната работа, вистинските вредности и чесноста и тоа ќе знаат да го наградат. Исто како што ќе знаат да ги казнат сите што им се огрешиле без разлика дали се работи за поблиското или за подалечното минато. Оправдан е стравот кај нашите политички противници од губењето дури и на оние позиции што ги имаа. Стравот кај нив е уште поголем затоа што првпат се соочуваат со доблест на спротивната страна, која е на власт. Доблест некој да се откаже од привилегиите што ги нуди позицијата пратеник или министер. Доблест која до апсурд ја доведува позицијата на опозицијата да биде против предвремени избори. Слушавме од нив тези дека рејтингот што го има оваа власт е нереален, дека изборите ќе бидат благо кажано нефер и дека власта ќе ја злоупотреби својата положба. Еднаш слушнав едни умни зборови што ми се врзаа во главата и на кои секогаш се навраќам кога ќе се соочам со слична ситуација: „некои луѓе во зборовите и одлуките на неизвесност тргнуваат од сопствената перверзија“. Тоа значи лажгото очекува да биде излажан, крадецот очекува да биде украден, а насилникот очекува насилство врз себе дури и во услови кога нема никаква логика тоа да се случи. Ваквиот пристап секако е контрапродуктивен, најмногу кон своите поборници бидејќи е креатор на негативна енергија. А народот, таквата енергија веднаш ќе ја препознае и соодветно ќе реагира и ќе врати. Значи, да сумираме, потребна е фер кампања затоа што условите во Македонија се изместени, па кај граѓаните дефинитивно нема да поминат ситуации на некоректно политичко однесување, особено не во вака значајни моменти.И како прашање за крај: Што по изборите? По изборите, опцијата што ќе ја добие довербата на народот, ќе има силен легитимитет во сите нејзини одлуки. Во преговорите за името ќе биде со посилна позиција, во преговорите со ЕУ исто така. Во едни такви услови, новата влада по предвремените избори ќе треба добро да ги засука ракавите за да го заврши процесот на евроатлантско интегрирање и да ја доврши транзицијата од која Македонија треба да излезе како функционална пазарна економија.На крај, во поинаква конотација би ја развил тезата дадена на почетокот. Секоја можност за избор значи крстопат. Слободните, демократски избори што ќе се случат кај нас секако дека се крстопат. Но на тој крстопат има јасен патоказ: економско закрепнување, реформи, сплотеност и силна кохезија на здравото македонско ткиво за влез во НАТО и во ЕУ со зачувување на националниот идентитет. Другата насока на крстопатот води кон старите перверзии од минатото што се докажано неуспешни.

Зоран Ставрески