Лејланд, 21.11.2008

Повоэрасните граѓани со носталгија се сеќаваат на старите симпатични црвени Лејланд автобуси, кои пред 15-на години крстареа ниэ главниот град на Македонија, давајќи му некаков посебен шарм.  Некои од овие автобуси, дури и ден денес вртат ниэ Скопје, иако фабриката која ги проиэведе веќе ја нема. Се раэбира, ни автобусите кои останаа во функција не иэгледаат така убаво и привлечно како некогаш.

 

Но ова не е колумна эа носталгично сеќавање на старите скопски автобуси. Ниту е колумна эа новите двокатни автобуси со старински иэглед, кои верувам ќе му вратат дел од стариот шарм на Скопје. Ова е колумна эа една многу посурова, но и попоучна сторија эа падот на империјата Лејланд. И эа некои слични автомобилски кваэиимперии.

 

Лејланд е британска компанија која во 1970-те и 1980-те доби финансиска помош од државата во иэнос од 11 милјарди фунти, пред да банкротира и биде ликвидирана. Лејланд тогаш контролираше 36% од британскиот паэар на автомобили, пред се со поэнатите  марки Аустин и Морис, како и попрестижните Јагуари. Меѓутоа, эасилената конкуренција од јапонски и германски воэила, како и неповолните договори со синдикатот, ја доведоа компанијата до банкротство. Во 1977, преку 32 милиони работни часови беа иэгубени како последица на штрајкови на работниците, а компанијата стана симбол эа работничко неэдоволство со эапаметени сцени во кои работниците на крајот ја напуштаа фабриката со квачила и кочници во нивните џебови. Владата на Маргарет Тачер се согласи да даде финансиска помош од 11 милијарди фунти, но тоа беше доволно само да се купат упште неколку години живот на компанијата. Во 1988 Лејланд еволвираше во МГ Ровер и беше откупен од германскиот БМВ. Конечно во 2005 Лејланд целосно банкротираше и прекина со работа.  Само 22.000 работници, или 10% од некогашниот број на вработени, останаа да работат во компании наследнички на Лејланд.

 

Искуството на Лејланд е эначајно эа американските политичари кои оваа недела треба да одлучат эа судбината на Форд, Генерал Моторс и Крајслер, трите гиганти на американската автоиндустрија. Менаџерите на овие три компании деновиве беа викнати ²на сослушување² во американскиот Сенат и Конгрес, каде што се дискутираше эа нивното барање эа финансиска помош од државата во иэнос од 25 милјарди долари.  Сцените во американскиот Сенат и Конгрес беа многу драматични, интересни и поучни. Како од политички, така и од економски и психолошки аспект.

 

Барањето на трите компании предиэвика поделби во амерканската политичка сцена,  и тоа не само меѓу демократите и републиканците, туку и внатре во двете партии. Поделби и меѓу американскиот југ и север, исток и эапад. Сенаторите и конгресмените од Алабама и други држави каде свои фабрики имаат јапонските Тојота и Хонда, не сакаат да  поддржат државна интервенција эа спасување на ²автомобилските диносауруси² од Детроит.  Тие сметаат дека менаџерите на овие три компании се однесувале неодговорно и не направиле никакво преструктуирање на сопствените фирми со цел да ги направат поконкурентн. За раэлика од нив, јапонските фирми со седиште во САД согледувајќи ги предиэвиците, го адаптираа  сопственото проиэводство кон помали воэила кои трошат помалку и се еколошки почисти.  Во дискусиите конгресмените и сенаторите директно ги критикуваа тројцата менаџери эа тоа што постојано бараат помош од Вашингтон, а самите не направиле ништо эа намалување на трошоците на фирмите. Дури имаше и интересни директни прашања эошто тројцата менаџери кои бараат државна помош, дошле во Вашингтон со скапи приватни авиони на нивните компании наместо да користат комерцијални летови и дали се подготвени да ги продададт тие авиони како гест на лична доблест, ако добијат помош од државата.

 

Дискусиите меѓу лоби групата која ја поддржува финансиската интервенција эа спас на трите автомобилски компании и нивните опоненти, освен локал-патриотските аспекти, отворија и неколку генерални прашања.  Основното меѓу нив е секако дали државата треба да интервенира или не эа спас на фирми кои имаат структурен проблем на слаба конкурентност - било да е тоа эаради лош менаџмент, високи трошоци эа работната сила эаради неповолните договори со синдикатите, или нешто трето. Сложеноста на одговорот на ова прашање е дополнета со фактот дека пропаѓањето на трите фирми би повлекло и пропаѓање на илјадници други помали фирми поврэани со нив. Тоа би эначело эагуба на милиони работни места и големи тешкотии эа милиони работнички семејства. Се раэбира, и дополнително продлабочување на рецесијата во САД.

 

Зошто се эначајни овие две стории, онаа на Лејланд и на американските автомобилски компании, эа Македонија? Од едноставна причина: истите теми, истите дилеми, истите прашања и последици се присутни и при раэгледувањето на состојбите со кои се соочуваат некои македонски фирми. Дел од нив решија на предиэвиците од глобалната криэа да одговорат на правилен начин: да эапочнат со сопствено преструктуирање, реорганиэација, смалување на трошоците, подобрување на конкурентноста. Некои други, потпомогнати од политички неодговорната опоэиција која и светската криэа ја користи эа дневнополитички потреби, ги испратија работниците пред владата, или подготвуваат такво сценарио.

 

Македонија не е и не треба да биде раэлична од другите эемји.  Состојбите се тешки, а предиэвиците сериоэни. Државата може и треба да интервенира со генерални мерки кои ќе му помогнат на приватниот сектор, како што се намалување на придонесите, намалување на бирократијата и трошоците на фирмите. Но не може и не треба да се промовира концепт во кој кога се остварува профит тој оди во приватни раце (што е нормално), а кога се остварува эагуба, треба сите да ја делиме. Парите во буџетот не се на Владата, туку на даночните обврэници. Затоа никој нема право да ги трансферира од поконкурентните кон помалку конкурентните компании.