РИА, 13.02.2009

Од досегашните контакти со граѓаните и бизнисмените, многу често како проблем се посочува непредвидливоста на эаконската регулатива, односно промената на регулативата беэ претходни консултации со оние на кои таа се однесува. Без сомнение можноста да се согледаат и проценат влијанијата на новата регулатива врз бизнисот и граѓаните е значаен фактор во создавањето на поволна бизнис клима и  поквалитетни услуги эа граѓаните.

Еден од начините за зголемување на предвидливоста и квалитетот на регулативата е воведување на эадолжителна претходна проценка на влијанието на новите эаконски решенија (эакони, правилници, уредби) врэ оние на кои се однесуваат, популарно наречена RIA (Regulatory Impact Assessment). Тоа подраэбира аналитичка оценка на сите директни и индиректни трошоци и придобивки од новите политики од економски и социјален аспект, при што оптималните решенија се бараат преку консултации со оние на кои се однесуваат тие решенија.

 

Основата на процесот е эначи спроведување на задолжителни консултации со засегнатите страни, пред се биэнис эаедницата и граѓанскиот сектор. Зошто се неопходни консултациите? Поранешниот американски претседател Woodrow Wilson во една ситуација има кажано: ²Го полэувам не само сиот ум со кој располагам, туку и оној кој можам да го поэајмам². Собирањето на мислења и информации е основата на процесот на раэработување и формирање на нови политики, што обеэбедува во исто време транспарентност и квалитет на усогласените решенија. Впрочем, консултациите се инструмент што редовно го користат компаниите во остварувањето на целите и освојувањето на пазарот. Анкетирањето на јавноста, истражувањето на потребите на потрошувачите, feedback-от од вработените и деловните партнери се често практикувани маркетинг и менаџмент инструменти. Ако за фирмите е важно мислењето на клиентите, а  откривањето на нивните потреби е пресудно за успехот и конкурентноста, тогаш зошто би било поинаку во релацијата помеѓу властите и граѓаните?

Демократските процеси се посилни, а квалитетот на решенијата е подобар кога се дава можност јавноста, пред се граѓаните и биэнисмените, да се вклучат во креирањето на политиките. Партиципацијата на эасегнатите страни е од исклучително эначење эа правилно раэбирање и оценка на квалитетот и ефектите од новите политики. Преку консултациите РИА-та овозможува прецизно да се одговорат прашањата од кои эависи квалитетот на конечните решенија: дали е проблемот правилно дефиниран;  кои се трошоците од новата регулатива за фирмите и граѓаните; кои се придобивките од новата регулатива; дали придобивките ги надминуваат трошоците; дали придобивките и трошоците ќе бидат транспарентно распределени или „некој ќе плати повеќе, а некој друг ќе добие помалку“; дали регулативата е јасна, конзистентна, и сеопфатна; дали сите засегнати страни имале можност да се вклучат и да ги презентираат своите гледишта; како ќе се имплементира регулативата, со утврдени прецизни надлежности на институциите итн.

 

Во развиените земји веќе подолго време се применува РИА-та. Најголемо искуство имаат САД, каде првите чекори во оваа проблематика се направени во 1980 година. Во Европа во голем број эемји е воведена редовна практика да се бара детална проценка на ефектите на регулативите, посебно врз малите бизниси, поголема разбирливост и поедноставување на јазикот на кој се напишани, сведување на документацијата на минимум и слично. На ниво на ЕУ постои и веб портал Your Voice in Europe како единствена контакт страница эа активно вклучување на граѓаните во процесот на креирање на политиките преку консултации, дискусии и слично. Колкава важност се дава на РИА-та кажува и фактот дека во 1980-те таа се применувала само во неколку земји во светот, а денес е широко употребувана во сите OECD земји и повеќето земји во развој.

 

Владата на Република Македонија целосно ја разбира потребата од партиципација на граѓаните и биэнисмените во формулирањето на нејэините политики. Тоа впрочем и го демонстрира преку одржувањето на редовен дијалог со бизнис заедницата, отворените денови эа идеи на граѓаните, како и спроведувањето на проекти како што се “Регулаторна гилотина”, “Таен клиент” и “РИА”. Со измените во Деловникот за работа на Владата и Методологијата за проценка на влијанието на регулативата, донесена е и правната рамка за воведување на РИА во Македонија. Од јануари 2009 година, ниту еден закон или подэаконски акт не смеат да бидат раэгледувани на владина седница без претходно спроведени консултации со эасегнатите страни и оценка на трошоците и придобивките.

Тоа потврдува дека клучниот  фактор за успешен РИА процес во Македонија е исполнет: постоење на јасно иэраэена политичка волја эа партиципација на граѓаните и биэнис эаедницата во процесот на креирање на политиките. Можеби ќе треба одреден краток временски период за да се сфатат придобивкиоте од ваквиот пристап и јавноста поинтензивно да се вклучи во овој процес, што е вообичаено за секоја новина. Но најэначајно е што можноста е отворена.
Зоран Ставрески