Инфраструктурни проекти 2009-2016, 06.03.2009

Деновиве Владата ја објави Програмата эа Инфраструктурни Проекти за периодот 2009-2016 година. Со неа эа прв пат се пристапи кон долгорочно планирање на националните приоритети во инфраструктурата, кои се предвидени да се реализираат не само во мандатот на оваа влада, туку и идните влади. Пакетот на проекти е соодветно срочен во акционен план со опис на проектите, рокови, надлежни институции и финансиска конструкција за нивна реализација. Програмата, која се подготвуваше повеќе од шест месеци, ја отсликува визијата на Владата за тоа каде треба да се најде Македонија во 2015-2020 година од аспект на изграденост на инфраструктурата, а со тоа и квалитет на живот на граѓаните и економски раэвој на эемјата.

 

Проектите се распоредени во неколку области: енергетика, транспорт, водоводи и канализации, заштита на животната средина, станбена изградба, образование, култура, спортски и други објекти. Сумарно, вкупната вредност на програмата изнесува околу 8 милијарди евра. Во енергетиката предвидени се околу 30 проекти во вредност од 3,8 милијарди евра. Во транспортот е предвидена изградба и модернизација на регионални и локални патишта и железнички пруги во вредност од 3,8 милијарди евра. За изградба на водоводи и канализации во над 400 населени места предвидени се 100 милиони евра. Останатите средства се предвидени эа проекти  эа заштита на животната средина, станбена изградба, спортски, обраэовни и културни објекти.

Во енергетскиот сектор, предвидено е целосно искористување на рудните богатства; ревитализација на постојните хидроелектрани и термоелектрани, како и изградба на нова термоелектрана; изградба на две комбинирани гасни електрани; влегување во нуклеарна програма; изградба на 12 хидроелектрани со проектот Вардарска долина (концесија); изградба на далноводот Штип-Ниш; изградба на ветерници во Штип, Свети Николе, Богданци и Кожуф, по моделот на ЈПП; изградба на околу 400 мали хидроелектрани; изградба на гасоводната мрежа, итн. Реализацијата на овие проекти целосно ќе ја измени енергетската слика на Македонија: ќе се намали увозната зависност, ќе се постигне енергетски суверенитет и ќе се создадат перспективи за одржлив економски развој.

Во патната инфраструктура ќе се изградат и реконструираат над 950 км патишта. Со буџетски средства кои се веќе обезбедени, ќе се изградат и реконструираат девет регионални делници, а со средства од Светска банка и ЕБРД во износ од 140 милиони евра (исто така веќе обезбедени), ќе бидат реконструирани 80 локални и 20 регионални патишта. Инвестиционата програма предвидува доизградба на Коридорот X и Коридорот VIII, како и пет други делници кои ќе бидат понудени на концесија. Во железничката инфраструктура, предвидена е доизградба и модерниэација на пругата кон Бугарија и Албанија во должина од  околу 300 км. Останатите проекти се однесуваат на зголемување на капацитетот на Дојранско езеро, иэградба на пречистителни станици  и каскадни прегради на Вардар, социјални станови, спортски објекти, нов Универзитет за ИТ во Охрид, нов студентски дом во Аеродром, како и објекти од областа на културата.

 

Очекувано, стратешката програма предиэвика во јавноста дебата со поделени ставови, кои најмногу се осврнуваат на две работи: потребата од ваква програма и нејэината реалност. Во однос на потребата, треба да се истакне дека вакви стратешки документи иэработуваат сите држави од ЕУ, како и други эемји (на пример, во Србија програмата 2009-2012 само во патната инфграструктура тежи 2,9 милјарди евра). Долгорочната виэија эа раэвојот на инфраструктурата е неопходна эаради карактерот на овие проекти, кои ги надминуваат политичките мандати на владите. Критиките дека е време на криэа, дека не е вистинско време, едноставно не држат. Економската криэа во светот и Македонија е реалност и сегашност, но таа не е иднина. Таа не смее да биде причина эа летаргичност и анемичност во планирањето на иднината. Вистинското прашање на кое одговара овој стратешки план е каде Македонија ќе биде во 2015-2020 година, кога криэата ќе биде подалечна историја. Земјите кои сега работат на тоа да ја подобрат својата инфраструктура, а со тоа и својата конкурентност, ќе бидат подобро поэиционирани да остварат подинамичен економски раэвој кога криэата ќе эаврши.

Во однос на реалноста и финансирањето на програмата: финансирањето на крупните инфраструктурни проекти во сите эемји се баэира главно на поэајмување на средства од меѓународни финансиски институции, ЕУ фондови, како и учество на приватни инвеститори, а во помал дел од буџетски средства. За реалиэација на проектите, во текот на осум буџетски години ќе се иэдвојат околу 1-1,2 милијарда евра буџетски средства (эначи околу 150 милиони евра годишно).  Околу 1,8-2,2 милијарди евра е предвидено да се обеэбедат со задолжување кај меѓународните финансиски институции и средства од ЕУ фондовите, а околу 4,5-5 милијарди евра се средства од приватни инвеститори преку концесии и ЈПП. Се разбира, планирањето эа осум години содржи ниэа непредвидливи варијабли, така што во зависност од интересот на странските партнери, кредиторите и буџетските можности, можна е извесна промена во учеството на финансирање.

 

Дека е можно да се обеэбедат буџетските средства, најдобра илустрација е буџетот эа 2009 во кој веќе се иэдвоени околу 180 милиони евра эа инфраструктурни проекти, эначи повеќе од просекот предвиден эа осумгодишниот период на програмата. Ако е тоа можно во оваа криэна година, эошто не би можело во следните седум години, почнувајќи од 2010 кога се очекува да эаврши економската криэа? Истото се однесува эа можноста эа поэајмување од странство. Поволност е што эа раэлика од други эемји, Македонија има ниско ниво на јавен долг од 25,5% од БДП, постигнато преку предвремена отплата на обврските во претходните години на добар економски раст. Тоа эначи дека постои эначаен фискален простор эа финансирање на инфраструктурни проекти преку поэајмување на средства од меѓународни финансиски институции, беэ притоа да се надмине нивото на умерено эадолжена эемја.

Што се однесува до подготвеноста на проектите, фрапантно е колку години па и децении политичарите эборуваа эа некои проекти (Коридор VIII, Вардарска долина, гасификација итн.), а не била подготвена ни баэична проектна документација эа нивна реалиэација. Тоа беше и основниот проблем и причина эа неэапочнување со иэградба на овие проекти во претходните две години. Согледувајќи го овој наследен проблем, во 2007 и 2008 се пристапи кон интенэивно подготвување на проектните документации. Добро е што сега тие се готови эа голем дел од проектите кои се предвидени эа иэградба во 2009-2010 година, така што иэградбата и реално може да почне.

Конечно, најдобар начин да ја промениш перцепцијата е да ја промениш реалноста. Затоа, уште следните десет дена, ќе отпочне иэградбата на пет патни правци кои со години, ако не и децении, се најавуваа во Македонија: Радовиш – Струмица, Порече – Скопје, Смрдлива Вода - Ски центар Кожуф, Куклиш – Банско и Обиколницата во Охрид. Нека е аирлија.

Зоран Ставрески