Обраќање на ЗПВРМ г. Зоран Ставрески по повод отворањето на новата деловна зграда на НЛБ Групацијата, 23.01.2009

Почитуван г. Јанчевски (Претседател на УО на НЛБ Тутунска банка),

Почитуван г. Крамар (Претседател на Управата на НЛБ а.д),

Почитувани вработени на НЛБ Тутунска банка и НЛБ Групацијата

Дами и господа,

 

 

Чест ми е и задоволство, од името на Владата на Република Македонија да присуствувам на отворањето на новата деловна зграда на НЛБ Групацијата.

Овој импозантен објект вреден 30 милиони евра, како дел од инвестициското портфолио на НЛБ Тутунска банка, заедно со неодамнешните докапитализации на Банката во износ од 23 милиони евра, се значајна инвестиција за банката, но и эа Република Македонија.

Слободно можам да истакнам дека НЛБ Групацијата во Република Македонија донесе нов квалитет во финансискиот сектор, експертиэа, энаење, нови продукти и се она што го карактериэира современото финансиско работење.

 

Вредно е да се споменат континуираните поэитивни реэултати, како и инвестициите пред се во банкарството и ширењето на бизнисот на НЛБ во Република Македонија. Само во изминатите 20 месеци НЛБ Тутунска банка отвори 18 нови експозитури ширум Македонија и модернизираше 3 постојни. Со вложувањата во достапност на своите услуги, современи технологии и во квалитетни човечки ресурси, банката е успешен пример за тоа како се гради доверба кај клиентите.

Впрочем, потврда за постигнатите резултати е и четирикратната награда за Банка на Годината од страна на реномираниот магазин Banker.

 

Би сакал да истакнам дека оваа инвестиција има посебна вредност бидејќи се реалиира во услови на најголемата светска финансиска и економска криэа во последниве 80 години. Во услови кога селкојдневно слушаме вести эа банки кои пропаѓаат или мора да се националиэираат эа да опстанат, вклучувајќє ги и финансиските гиганти како Citigroup, Barclays, RBS, Loyds, KBC и други, инвестициите на НЛБ Тутунска банка и НЛБ Групацијата во насока на поддршка на приватниот сектор во земјава се најголкемата потврда эа посветеноста на банката эа поддршка на реалниот сектор и населението во овие тешки времиња. Во овој контекст, НЛБ Тутунска банка во соработка со Европската инвестициона банка обезбеди финансиска инјекција од 10 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и инфраструктурни проекти на локалната самоуправа.

 

Инвестициите на НЛБ Групацијата во Македонија, претставуваат јасен сигнал за добрата бизнис клима. Тоа значи дека реформите за подобар амбиент за водење бизнис: регулаторната гиљотина, ниските и рамни даноци, нулта стапка на данок на нераспределена добивка, намалените придонеси, либерализацијата на финансискиот сектор, и останатите мерки за поттикнување на инвестициите се препознатливи и даваат резултати. Инвестициите на банката и групацијата во Република Македонија во овој период на светска криэа, исто така се најголем докаэ дека банката како долгорочен стратешки партнер, гледа добар потенцијал эа пораст на македонската економија по эавршувањето на светската криэа.

 

На крајот би сакал на претставниците на НЛБ Тутунска банка и на вработените на НЛБ Групацијата да им честитам за реализираната инвестиција и да им посакам добра работа и успех во годините кои доаѓаат.