Даночна и царинска политика

Секторот за даночна и царинска политика ги врши работите што се однесуваат на изготвувањето законски и подзаконски акти од областа на персоналниот данок на доход, данокот на добивка, данокот на додадена вредност, акцизите, даноците на имот, комуналните и административните такси, регистрирањето на готовинските плаќања и даночните постапки, обединување и координирање на работите од областа на царинската политика, систем и постапки, Царинска тарифа, царинска вредност и потекло, нетарифни мерки, e-customs, аналитика и проектирање на царинските приходи и изнаоѓање начини за нивно подобрување, соработка со повеќе меѓународни организации и институции (СТО, СЦО и ЕУ), усогласување и изготвување на царинската регулатива согласно светските и европските стандарди, како и анализирање и следење договори за слободна трговија.

Исто така, секторот ги врши и работите кои се поврзани со подготовка на нацрти договори за одбегнување на двојното оданочување како и учество во постапката на водење преговори со други држави, со цел склучување билатерални договори за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход и даноците на капитал.

Клучни контакти:

Помошник раководител на сектор за даночна политика
Сузана Стојмироска
телефон: 02/3255-483
е-пошта:suzana.stojmiroska@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор за царинска политика
Зоран Глигоров
телефон: 02/3255-484
е-пошта: zoran.gligorov@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор за анализа
Елизабета Калачовска
телефон: 02/3255-436
е-пошта: elizabeta.kalacovska@finance.gov.mk