ЦФЦД

Секторот за централно финансирање и склучување договори има посебна интернет страница на која се објавуваат сите релевантни информации за искористувањето на ИПА помошта во Република Македонија - cfcd.finance.gov.mk.


Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) е сектор во рамките на Министерството за финансии на Република Македонија, кој е надлежен за стабилно финансиско управување проекти кои се финансираат од страна на следниве ИПА компоненти:

  • ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење институции
  • ИПА Компонента III – Регионален развој
  • ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси

ЦФЦД претставува водечко тело во рамките на Оперативните структури за ИПА Компонентите I, III и IV, како и надлежен орган кој ќе врши склучување договори, и кој е единствено одговорен за спроведување на тендерирските постапки и плаќања поврзани со проекти финансирани од ЕУ.

Раководителот на ЦФЦД во исто време е назначен и за програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I, како и раководител на оперативна структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV.

Задачите кои се однесуваат на програмирање, техничка имплементација и следење на реализацијата на договорите се делегирани на надлежните линиски министерства/ институции – кориснички, со Оперативен договор потпишан од страна на ПАО/ХОС и вишите програмски службеници СПО/ ИПА координатори.

ЦФЦД ја надгледува реализацијата на проектите, а ПАО/ХОС ја задржува целосната одговорност за реализација на истите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на СПО/ ИПА координаторите.

Лица за контакт:

Раководител на сектор
Радица Коцева
тел: 02 3255-374
radica.koceva@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор
Анита Блажевска
тел: 02 3255-375
anita.blazevska@finance.gov.mk