Проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка)

Цел на Проектот

 

Основна цел на проектот е преку финансирање на општините, по пат на долгорочно on-lending задолжување, да се овозможи реализирање на инвестициони проекти кои преку зголемување на приходите односно намалување на оперативните трошоци на општината/ЈП, ќе придонесат кон подобрување на перформансите на општината, квалитетот на комуналните и другите општински услуги како и развиток и зајакнување на општински функции и надлежности уредени со Законот за единиците на локалната самоуправа.

Целна група (Корисници на средствата на Проектот)

Со Проектот ќе бидат опфатени општините кои се во втора фаза од фискалната децентрализација и кои согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Упатството за начинот и постапката за задолжување на општините и јавните претпријатија во Република Македонија, издадено од Министерството за финансии во целост ги исполнуваат условите за долгорочно задолжување.

Компоненти на Проектот

Компонента А: Инвестициони под-заеми – во износ од 64,25 милиони САД долари
Оваа компонента ќе обезбеди долгорочни заеми кон општините кои ги исполнуваат условите за задолжување.

Со проектот може да се финансира:

  • Водоснабдување: ќе се финансираат градежни работи, опрема и консултантски услуги за поправка на услуги на водоснабдување, вклучително и поставување на водомери, уреди за откривање на загуби во вода и поправка, рехабилитација и поправка на мрежата, мерење на притисок по зони и опрема за изведување на соодветните операции, како и ургентни поправки на одводни канали, опрема за одржување на одводните канали и замена на цевки.
  • Управување со цврст отпад: финансирање на инфраструктура за собирање на отпадот, опрема за поддршка, како на пример канти за собирање на отпадот, возила за собирање на отпадот, и останата опрема и консултантски услуги, и до одреден износ градежни работи и опрема за надградба на постоечките места за чување на отпадот со цел да се задоволат минималните санитарни критериуми.
  • Останати инвестиции кои генерираат приходи или носат заштеди во трошоците: финансирање на градежни работи, опрема и соодветни консултантски услуги за надградба/проширување на останатите услуги или објекти за кои се надлежни општините, како на пример системи за атмосферска канализација – прифаќање и одведување на атмосферски води,канализациона мрежа со соодветен третман на отпадните води и  капацитет  до 10,000 Е.Ж, јавни згради како на пример училишта, урбани транспортни системи, итн. за да се намали потрошувачката на енергија или на друг начин да се зголеми ефикасноста.

Проектот нема да финансира:

  • пречистителни станици,
  •  канализациона мрежа без соодветен третман на отпадните води или се однесува на капацитет  над 10,000 Е.Ж.
  • и работи кои се однесуваат на нови или постоечки депонии.

Услови за препозајмување на средствата:

  • каматна стапка: шест месечен ЛИБОР за евро валута со варијабилен распон
  • грејс период: максимум 3 години
  • рок на отплата: максимум 10 години

Завршени проекти

Тендерски постапки во тек:

ТЕХНИЧКА ПОМОШ: ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ ЗА ОПШТИНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УСЛОВИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ /ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ЗА ТЕХНИЧКА ПОМОШ ЗА ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТИ ЗА ОЦЕНКА НА ПРОЕКТИТЕ ЗА ОПШТИНИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Компонента Б: Градење на капацитети и институционално зајакнување – во износ од 2,95милион САД долари

Оваа компонента вклучува консултантски услуги и техничка помош на општините за: Подготовка на под-проекти, Градење на локалните капацитети, и Засилување на институциите на национално ниво.

Компонента В: Грантови за успешност – во износ од 5,6 милиони САД долари
Оваа компонента обезбедува грантови за општините како иницијатива и награда за имплементација на реформи насочени кон подобрување во обезбедувањето на услугите. Грантовите за успешност ќе бидат доделени врз основа на исполнување на 4 од наведени 7 критериуми, откако ќе се направи верификација на имплементацијата на мерките. Износот на грантот кој се доделува е поврзан со големината на заемот за соодветната општина и може да достигне до 20% од вкупниот износ на под-заемот.
Средствата од грантот единствено можат да се користат за финансирање на инвестициони проекти.

Компонента Г: Проектен менаџмент, мониторинг и евалуација – во износ од 2,2 милион САД долари

Проектни документи:

“Општина Берово - проект за реконструкција на улици“

“Општина Виница - проект за набавка на возила за собирање комунален отпад“

“Општина Маврово и Ростуше - проект за реконструкција на локални патишта“

“Општина Крива Паланка - проект за улици и опрема за ЈКП“

“Општина Босилово - проект за реконструкција на локални патишта и улици“

 “Општина Ранковце - проект за изградба на локални улици“

“Општина Гази Баба -проект за изградба на основно училиште Григор Прличев“

“Општина Петровец-проект за изградба на основно училиште Кочо Рацин“

“Општина Виница-проект за изградба на улица “2008„  во урбан блок 12 и изградба на атмосверска мрежа на улиците „ Браќа Миладинови“ и  „ Илинденска“

"Општина Чашка -проект за реконструкција на локален пат и резервоар за вода"

 "Општина Илинден“-проект за изградба на систем за ладење и греење со алтернативни извори на енергија во општинската установа дом на култура

"Општина Пробиштип"-проект за реконструкција на улица „ Јаким Стојковски“

“Општина Пехчево„-проект за изградба на улици во с.Робово и с.Панчарево

“Општина Бутел„-проект за доградба на основно училиште „Живко Брајковски“

„Општина Крушево“-проект за инсталација на водомери

„Општина Маврово и Ростуше“-проект за изградба на улично осветлување

„Општина Дојран“-набавка на возило за собирање на смет и багер

“ Општина Охрид„-набавка на специјални комунални возила и реконструкција и рехабилитација на различни улици и  2 локални патни правци како и оградување на депонија

„Град Скопје-Општина Шуто Оризари„-изградба на водоснабдителен систем во Општина Шуто Оризари

„Општина Росоман“-изградба на резервоар за водоснабдување од 250м3 во Општина Росоман

„Општина Желино“-реконструкција на улица и изградба на атмосферска канализација и тротоари во Општина Желино

„Општина Карпош“-Изградба на систем за атмосферска канализација и реконструкција на различни улици во Општина Карпош

„Општина Кочани“-Изградба на 10 улици во Општина Кочани

„Општина Ѓорче Петров“-Реконструкција на различни улици во Општина Ѓорче Петров

„Општина Неготино“-Реконструкција на водоводна мрежа во Општина Неготино

“Општина Свети Николе„-Реконструкција на 2 улици во општина Свети Николе

“Општина Делчево“-Доградба на градинка “Весели Цветови“

"Општина Македонска Каменица“-Реконструкција, адаптација и надградба на Дом на култура во Македонска Каменица

"Град Скопје“-Реконструкција и рехабилитација на улица Борис Трајковски од фабрика Стаклара до населба Пинтија

“Општина Радовиш„-Изградба на нов пат што ќе ги поврзува локалните заедници Калуѓерица и Подареш во општина Радовиш

“Општина Кривогаштани“-Изградба на нови улици и реконструкција на постоечка улица во општина Кривогаштани

"Општина Битола“-Изградба на 7 улици со пешачки патеки,водоводен систем и систем за атмосферски води како и улично осветлување  во поранешната воена касарна  АРМ1 и АРМ 2 во општина Битола

"Општина Кратово"-Изградба на нов зелен пазар во општина Кратово

“Општина Сопиште“-Рехабилитација на различни улици во општина Сопиште

Клучни контакти на Проектната единица за имплементација на МСИП Проектот:

Главен Координатор
Љубица Патлиџанковска
телефон: +389 2 3255736, +389 75 402 104
е-пошта: ljubica.patlidzankovska@finance.gov.mk

Координатор за набавки и правни работи
Александар Најдовски
телефон: +389 2 3255735, +389 75 317 670
е-пошта: aleksandar.najdovski@finance.gov.mk

Технички координатор
Роза Перковска
телефон: +389 2 3255733, +389 75 317 673
е-пошта: roza.perkovska@finance.gov.mk

Градежен инженер
Јасминка Жантева-Божикова
телефон: +389 2 3255732, +389 70 315 356
е-пошта: jasminka.zanteva-bozikova@finance.gov.mk

Градежен инженер
Горан Тренчевски
телефон: +389 2 3255737, +389 72 272 933
е-пошта: goran.trencevski@finance.gov.mk

Градежен инженер
Јасминка Тасева-Јанковиќ
телефон: +389 2 3255790, +389 70 379 835
е-пошта: jasminka.taseva@finance.gov.mk

Преведувач/ администратор
Ана Ристовска
телефон: +389 2 3255734
е-пошта: ana.ristovska@finance.gov.mk

Административен/ оперативен асистент
Зоран Дејкоски
телефон: +389 2 3255731, +389 70 315 349
е-пошта: zoran.dejkoski@finance.gov.mk

Финансиски асистент
Анета Русовска
телефон: +389 2 3255772, +389 78 614 168
е-пошта: aneta.rusovska@finance.gov.mk

Позначајни документи поврзани со имплементацијата на Проектот

МСИП-Третман на  отпадни води со мал капацитет во рурални подрачја-финален извештај

МСИП 2-Јавен повик

МСИП 2-Барање за користење на средства од Вториот проект за подобрување на општинските услуги и проектно фише

МСИП 2-Прирачник за управување со проектот

МСИП 2-Документ за генералната рамка за оценка на влијанието врз животната средина

МСИП 2-Рамка со политики за раселување

Процедури за користење на МСИП средства

Чекори за користење на средствата од ЕУ ИПА грантот

Документ за оценка на МСИП проектот

Прирачник за управување со МСИП проектот

Рамка за урбанистичката ревизија (urban audit framework)

Извештај за ИБНЕТ-2013

Независен ревизорски извештај за МСИП проектот за 2013

Независен ревизорски извештај за МСИП проектот за 2014

Независен ревизорски извештај за МСИП проектот за 2015

Ревидиран документ за генералната рамка за оценка на влијанието врз животната средина на проектот за подобрување на општинските услуги