Министерството воведе државни хартии од вредност со евро-клаузула

Нов финансиски инструмент на пазарот на државни хартии од вредност државни хартии од вредност со девизна клаузула, воведе од денеска Министерството за финансии.

&nbsp

Со воведувањето на овие државни хартии од вредност Владата сака да испрати јасен сигнал дека и понатаму верува во стабилноста на домашната валута.
Истовремено се укажува дека воведувањето на овие финансиски инструменти е во насока на долгорочната ориентација за приклучување кон Европската Монетарна Унија.Воведувањето на овој финансиски инструмент е со цел поттикнување на развојот на финансиските пазари, зголемување на бројот на финансиски инструменти и поттикнување на конкуренцијата во финансискиот сектор.

&nbsp

Првата аукција на краткорочни државни записи со девизна клаузула е планирана да се реализира на 16 јуни 2009 година, при што Министерството за финансии ќе издаде 3-месечни и 12-месечни државни записи со девизна клаузула. Во зависност од тоа како ќе бидат прифатени краткорочните државни записи со девизна клаузула од страна на инвеститорите, во идниот период се планира и воведување на долгорочни хартии од вредност со девизна клаузула.