Кабаши: „Фич“ ја препознава одговорната фискална политика и оценува дека ќе продолжи и во иднина (ВИДЕО)

 
00:00

3 февруари 2018, Скопје - Со оглед на настаните и на политички и на економски план во втората половина на 2017, очекувавме подобрување во изгледот на рејтингот на кредитната агенција „Фич“ - една од најреномираните кредитни агенции во светот, посочи во гостувањето за Канал 5 д-р Рилинд Кабаши, советник на министерот за финансии.

Буџетскиот дефицит е намален на 2,7%, фискалните таргети се реализираат, постепено се оди кон фискална консолидација - така се постигнува стабилизирање на јавниот долг. Она што го препознава Фич и сите реномирани финансиски институции е дека оваа одговорна фискална политика ќе продолжи.

Погледнете го целото интервју тука.