Заменик министер за финансии Елези учествуваше на Првиот координативен состанок на Националниот инвестициски комитет

2 ноември 2017, Скопје - Во секретаријатот за европски прашања се одржа првиот координативен министерски состанок на националниот инвестиски комитет.

Националниот инвестициски комитет (НИК) е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки инфраструктури проекти. Ова тело е формирано со цел подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Претседавачи на ова тело се СЕП, Министерството за финансии и кабинетот на Владата задолжен за економски прашања.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален ИПА координатор (НИПАК), го предводеа координативниот министерски состанок на Националниот Инвестициски Комитет. 

Состанокот се одржа во просториите на Секретаријатот за европски прашања, во присуство на повеќе ресорни министри, заменици министри, како и останати ресорни претставници задолжени за распределба и имплементација на проектите финансирани со странска помош. Состанокот беше одржан со цел да се разгледаат составот на НИК и Единствената листа на проекти, а беа разгледани и потенцијалните проектни предлози кои се зрели за поднесување и ги задоволуваат барањата на Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан. Во согласност со ЕУ Агендата за поврзување (т.н. „конективити агенда“) и Програмата на работа на Владата 2017-2020, на состанокот беа дадени препораки за ревидирање на истата од страна на надлежните министерства, од аспект на статус на реализација на проектите. 
„Наша обврска е да испорачаме што е мошно поголема апсорпција на средствата предвидени за инфраструктурно и енергетско поврзување на земјите од Западниот Балкан. Тоа е основа за поголема меѓусебна соработка, побрз економски развој, но и најдобар начин за премостување на политичките разлики и затворање на отворените прашања меѓу соседите“ – истакна Османи на состанокот, потенцирајќи ја важноста на реализацијата на фондовите на Европската Унија за Македонија. 

Дополнително, Вицепремиерот Османи даде насоки во однос на предусловите за успешно функционирање и користење на средствата од ИПА 2, особено регионалните фондови во делот на инфраструкура во секторите транспорт, енергетика животна средина. Во текот на состанокот беа донесени неколку заклучоци со кои се задолжуваат ресорните министри да го комплетираат составот на Националниот инвестициски комитет, како и да ги ревидираат Единствените листи на проекти на Владата, со цел понатамошно редовно одржување на состаноците на НИК во полн состав и реализација на проектите во рамките на роковите.