Интервју Тевдовски за Алсат: Повеќе пари за мерки за вработување, за домашните претпријатија и Армијата во Буџет 2018

 
00:00

26 октомври 2017, Скопје - Повеќе средства за активни мерки за вработување - особено за младите во Македонија, повеќе пари за поддршка на домашните претпријатија, зголемување на платите на војниците и буџетот на Армијата во Буџетот за 2018 - најавува во емисијата „Економски магазин“ министерот за финансии Драган Тевдовски.

Министерот Тевдовски зборува и за минималната плата - концептот и неговото спроведување на дело.

- Идејата за минималната плата е да се направи притисок да се зголемат платите на оние на кои најмногу им треба, оние кои работат во полно работно време, во најтешки услови, а живеат во сиромаштија. Државниот завод за статистика евидентира категорија working poor - тоа се луѓе кои работат полно работно време, а ѓивеат во сиромаштија. Покачувањето на платите за 2.390 денари месечно - за нив значи - вели во интервјуто Тевдовски.