Гаспром најави влез во Македонија

Санкт Петербург, 17 јуни 2010 - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и Заменик претседател на Владата на Република Македонија и министер за финансии Зоран Ставрески,

денеска во Санкт Петерсбург, остварија средба со генералниот директор на ГАЗПРОМ, Алексеј Милер.

 

На средбата беше искажано обострано задоволство од претстојното потпишување на клириншкиот долг, што ќе овозможи унапредување на соработката меѓу Македонија и Русија во енергетскиот сектор. Со тоа се создадени услови ГАЗРПОМ да учествува во изградбата на гасоводната мрежа во Република Македонија, за што двете страни искажаа целосна подотвеност за соработка.

 

При средбата разговарано е и за вклучување на Македонија во значајниот меѓународен транзитен коридор „Јужен поток“, со можност за изградба на крак низ територијата на РМ.

 

Третата област за која се разговараше на средбата, беше партнерство меѓу рускиот гигант и Република Македонија во изградба на гасни електрани.

 

Подготвеноста на двете страни за реализација на гореспоменатите проекти се докажува и со тоа што е договорено експертските тимови на ГАЗПРОМ и Владата на РМ веднаш да почнат да работат на усогласување на техничките работи.

 

слики од настанот