Јапонската кредитна агенција со позитивна прогноза за кредитниот рејтинг на Р. Македонија

Јапонската кредитна агенција JCR (Japan Credit Rating Agency) со позитивна прогноза за кредитниот рејтинг на Република Македонија. JCR ја оцени земјава со ББ+ со стабилен изглед,

односно ги потврди очекувањата на „Standard&Poors“ за одржување на актуелната кредитна способност на Македонија во иднина.

&nbsp

Својата оценка Јапонската кредитна агенција ја заснова на резултатите постигнати со континуираните економски реформи на Владата, прудентната фискална политика и умереното ниво на задолженост, како и на намалувањето на дефицитот на тековната сметка и одржувањето на нивото на девизните резерви на четири-месечна покриеност на увозот. Прогресот на земјата е потврден и во контекст на евроинтеграцискиот процес и препораката на Европската комисија за добивање на датум за преговори за членство.

&nbsp

Јапонската кредитна агенција забележува и дека од земјите од Централна и Источна Европа, Македонија е најмалку погодена од економската и финансиска криза, токму поради успешното спроведување на соодветни мерки од страна на Владата, помалата зависност од надворешниот долг и ниска изложеност на екстерни ризици.

&nbsp

Стабилниот кредитен рејтинг е добар сигнал за странските инвеститори заинтересирани за вложување во земјава, влијае на каматната стапка по која земјата позајмува на кредитниот пазар, како и на вкупниот економски и политички имиџ на Република Македонија.