Вицепремиерот Ставрески се обрати на Претседателската конференција „Свртени кон иднина“ во Ерусалим

Вицепремиерот и Министер за финансии Зоран Ставрески денес, 21 октомври зеде учество на Претседателската конференција „Свртени кон иднината“ која од 20 до 22 октомври

се одржува во Ерусалим, Израел, под покровителство на Претседателот на Израел Шимон Перес.

&nbsp

Вицепремиерот Ставрески се обрати на панелот на тема „Колку капитал остана за капитализмот“, на кој говорници беа истакнати личности од познати светски универзитети, бизнисмени и креатори на политики. Тој говореше за предизвиците и последиците од светската економска криза со кои се соочени пред се земјите од Југоисточна Европа, притоа осврнувајќи се на моделите за излез од кризата.

&nbsp

На панелот беше заклучено дека за земјите во транзиција кои се отвораат кон капитализмот и во кои дефицитот се финансира главно од странски директни инвестиции, моделот на одржлив раст во иднина треба да се бара во подобрување на бизнис климата, зголемување на конкурентноста, инвестиции во образованието и технологијата.

&nbsp

Во тој контекст Република Македонија спроведе голем дел од реформите за подобрување на условите за водење бизнис, ги зголеми инвестициите во образованието и инфраструктурата и презеде и други мерки за полесно справување со кризата. Притоа, беше нагласено дека Република Македонија е една од земјите во Југоисточна Европа која добро се справува со кризата. Кризата е резултат на одредени слабости на капитализмот како систем, но во моментот не постои негова сериозна политичка алатернатива. И во тие рамки треба да се бараат решенија за надминување на кризата.

&nbsp

Учеството на Вицепремиерот и Министер за финансии како панелист на оваа престижна конференција претставува дополнителна афирмација за Република Македонија. Ова е втора по ред Претседателска конференција која се одржува во Израел. На конференцијата учествуваат Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, Чешкиот претседател Вацлав Клаус и поранешните премиери на Шпанија и Велика Британија, Тони Блер и Хозе Мариа Азнар, како и високот претставник на ЕУ за безбедносна политика, Хавиер Солана. На конференцијата има преку 3.000 учесници, меѓу кои и светски познати бизнисмени и иноватори.