Македонија го подобри кредитниот рејтинг

Агенцијата „Стандард и Пурс“ ги подигна од негативни во стабилни очекувањата за идните кредитни задолжувања на Република Македонија. Владата е известена дека суверениот

кредитен рејтинг на земјава од ББ негативен е подобрен во ББ стабилен.

&nbsp

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, ова е уште еден позитивен сигнал за земјата кој е базиран врз основа на намалувањето на екстерните ризици, намалувањето на дефицитот на платниот биланс и потврдата дека веќе нема никакви ризици врз економската стабилност.

&nbsp

- Она што помогна да се подобри кредитниот рејтинг се двата ребаланса на Буџетот со кои се усогласи трошењето на државата со реалниот сектор и се придонесе кон макроекономската стабилност и намалувањето на дефицитот.

&nbsp

Од Агенцијата е истакнато дека Македонија има еден од најниските дефицити во регионот. Потоа обезбедувањето кредитни средства од надвор преку еврообврзницата и дополнителни кредитни средства како што се оние со кредитот од Европската инвестициска банка, Светска банка и слично, што според оваа агенција помогна да се подобри ликвидноста на средствата во државата, односно да се зголеми вкупниот обем на средства и пред се девизната ликвидност. И трето, се истакнува дека со овие политики и мерки на Владата се подобрени девизните резерви и тие се на високо стабилно ниво и изнесуваат 1,530 милијарди евра, што значи се вратија на она ниво од пред кризата и претходно кога Македонија имаше високи стапки на раст, изјави министерот за финансии.

&nbsp

Тој додаде дека сето тоа овозможи перцепцијата кај странските инвеститори да биде подобра, да се намалат каматната стапка по која земјата позајмува на кредитниот пазар и воопшто вкупниот економски и политички имиџ на земјата како една стабилна земја со стабилна иднина како што е објавено во рејтингот.