На денешната аукција на државни хартии од вредност со девизна клаузула реализирани 1,5 милијарди денари

На денешната аукција на државни хартии од вредност со девизна клаузула, беа понудени 1.500.000.000 денари за државни записи со камата од 5,5 отсто и рок на достасување

од 182 дена, при што беше реализиран целиот понуден износ.

&nbsp

Побарувачката за 6-месечните државни записи изнесуваше 1.640.390.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

&nbsp

Во сопственичката структура на 6-месечните државни записи со девизна клаузула што беа емитувани денеска банките учествуваат со 47,31 проценти, а клиентите со 52,69 проценти.

&nbsp

Вредноста на досега емитуваните државни хартии од вредност, заклучно со денеска изнесува 9.893.040.000 денари, од кои 4.583.820.000 денари се однесуваат на досега емитуваните државни хартии од вредност со девизна клаузула.(МИА)

Состојбата на досега емитуваните 6-месечни државни записи изнесува 2.830.440.000 денари, од кои 2.100.010.000 денари се однесуваат на 6-месечните државни записи со девизна клаузула.