.

Почитувани граѓани на Република Македонија!

 

 Ве известуваме дека имате можност да го откупите дворното земјиште на индивидуалните куќи и станбени згради по само 1 евро или 61 денар за метар квадратен. Само за споредба, досега за еден метар квадратен дворно земјиште се плаќаше до 13 евра или 800 денари.


  Со оваа мерка на Владата, еднаш засекогаш ќе можете да ја обезбедите сопственоста на дворното земјиште за себе и за своите поколенија. Стекнувањето сопственост на земјиштето, ќе Ви овозможи да го ставите во функција при земање кредит во банка, при продажба, при изградба и доградба на куќи и други индивидуални станбени згради, доградба на станбени згради и сл.


  На овој начин, секој граѓанин ќе може конечно да почувствува придобивка од транзицијата, ќе се интензивираат активностите во градежништвото, и конечно ќе се заокружи историскиот процес на приватизација на земјиштето.

 

Зачекори на свое тло

 

 

 Секој граѓанин кој е заинтересиран да го откупи дворното место или земјиштето под и околу куќата, може да поднесе барање за откуп до подрачното одделение на Управата за имотно правни работи при Министерството за финансии во соодветната општина.
  Кон барањето, потребно е да се достават следните документи:

  • Доказ за идентификација (фотокопија од лична карта или пасош),
  • Доказ за правниот основ, односно актот со кој граѓанинот се стекнал со корисничко право на градежното земјиште (закон, тапија, пресуда, решение, договор, одлука на државен орган и сл.),
  • Податоци за земјиштето (имотен лист, односно поседовен лист доколку нема катастар на недвижности, копие од катастарски план, извод од урбанистички план) и
  • Писмена изјава за непосредно фактичко владение на земјиштето.

  Искористете ја можноста за купување на земјиштето за само 1 евро за м2!
  За Вас, за Вашите деца, внуци и идни поколенија!

 

 Преземи ги образците:

 

Образец 1     Образец 2     Образец 3     Образец 4     Образец 5

 

 

За повеќе детали продолжи кон Управа за имотно-правни работи